Штрк

Витамини и пробиотици

Витамините и минералите се од суштинска важност за развојот и здравјето на новороденчињата. Овие биолошки активни супстанци учествуваат во нумерозни метаболитски процеси, а кај новороденчињата се круцијални за нормален развој. Заради тоа педијатрите и неонатолозите препорачуваат задолжителна суплементација по првата недела од раѓањето на вашето бебе.

Витамин D3:

Овој витамин е многу важен за коските и забите на бебињата. Тој им помага да апсорбираат калциум и фосфор, кои се потребни за јаки коски. Ако бебињата немаат доволно витамин D3, тие може да створат проблеми со коските како рахитис. 

За новороденчиња, често се препорачува дневна доза од 400 IU витамин D3. Оваа доза е препорачана од страна на Светската здравствена организација и Американската академија за педијатрија за сите новороденчиња, вклучително и оние што се доени.

Витамин K1:

Кај бебињата потребата од овој витамин е за правилна коагулација на крвта. Бидејќи новороденчињата обично имаат малку витамин К, кој е многу важен за синтеза на факторот на коагулација и здрав крвен систем, се препорачува суплементација од осмиот ден по нивното раѓање се до крајот на третиот месец.

Препорачаната доза е 25 mcg дневно.

Омега-3 Масни Киселини:

Омега-3 масните киселини се важни за мозокот и нервите на бебињата. Тие им помагаат на мозокот и очите да се развиваат правилно и ги зајакнуваат когнитивните и визуелните способности. Овие киселини исто така ја зајакнуваат одбраната на телото против болести.

Препорачаните дози на омега-3 масни киселини може да варираат, но дозата обично е околу 100 mg DHA на ден за новороденчиња од самото раѓање до две години. 

Препорачаните дози на витамините може да варираат зависно од возраста, полот, здравствената состојба и дали детето е доено или не. Секој додаток во исхраната на новороденчињата треба да се дискутира и одобри од страна на педијатар или здравствен работник. Треба да се има на ум дека прекумерната употреба на витамини и минерали може да биде штетна.

 

Освен витамини во овој период се препорачува и давање на пробиотици кај новороденчињата. Пробиотиците се живи микроорганизми, најчесто бактерии, кои кога се земаат во соодветни количини, придонесуваат за здравјето на цревниот тракт. Кај новороденчињата земањето пробиотици може помогне во доста сегменти и тоа:

Развој на имунолошки систем: Пробиотиците помагаат во развојот на имунолошкиот систем на бебето, бидејќи голем дел од имунолошкиот систем се наоѓа во цревата. Тие можат да помогнат во заштитата од инфекции и алергии.

Зајакнување на цревната флора: Пробиотиците помагаат во зајакнувањето на ‘добрите’ бактерии во цревата, кои се клучни за здрава цревна флора. Ова е важно за правилното функционирање на цревниот систем и за заштита од ‘лошите’ бактерии.

Спречување и лекување на инфантилни колики (грчеви): Некои истражувања покажале дека пробиотиците можат да помогнат во намалувањето на грчеви, подуеност и гасеви. 

Спречување на појава на егзема и алергии: Пробиотиците можат да играат улога во спречувањето на развој на егзема и други алергии кај новороденчињата.

Поддршка при антибиотска терапија: Пробиотиците можат да помогнат во враќањето на балансот на цревната флора после употреба на антибиотици.

 

Иако пробиотиците можат да бидат доста корисни, важно да се консултирате со вашиот педијатар пред да додадете пробиотици или било каков додаток во исхраната на вашето новороденче, за да бидете сигурни дека се безбедни и соодветни за вашето бебе.

 

Сите совети, идеи, информации на овој профил се базирани на лични искуства на родители и на внимателно избрана стручна литература и научни трудови. Сите совети и информации се наменети само за општо информативни цели и не треба да се сметаат како замена за стручен медицински совет или консултации. Администраторите на овој профил не преземаат одговорност за било  какви последици или одлуки превземени според информациите на овој профил. 

Сподели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn