Постојат доста скици кои кажуваат кое запче кога никнува, но сепак растењето на забите кај бебињата е индивидуално. Генерално првите запчиња никнуваат од 5-8 месеци, но ништо страшно доколку тие се појават на 3 месеци или пак нешто покасно од 8 месеци.
Бидејќи овој процес е толку индивидуален, кај некои бебиња никнувањето на забите проаѓа безболно, додека кај некои претставува доста болен и тежок период.
Генерално забите никнуваат во следниот распоред:

Симптоми кои се појавуваат при растењето на првите заби:
Бебето е нервозно и раздразнето. Болните и потечени непца прават доста голем притисок. Затоа во овој период вашите малечки се доста сензитивни и може да одбиваат да цицаат или пак да јадат.
Лигавење. Во овој период доста бебиња имаат зголемено лигавење, додека пак некои воопшто не се лигават. Овој симтом е еден од првите симтоми кои ни најавува дека малите и бели запчиња набрзо ќе се појават, но и дека зголемената саливација помага да ги смирува воспалените непца.
Кашлица. Зголеменото лигавење може да го отежне процесот на голтање, па затоа вашето малечко може почесто да се закашлува овој период. Ова калшање не е загрижувачко, освен ако нема некои некои дополнителни симтоми кои би укажале на настинка или грип.
Црвени образи и нафрлање на брадата. Зголеменото лачење на плунка може да ја иритира веќе нежната кожа на вашето малечко. Ова можете да го спречите со почесто бришење навидум тапкање со нежно и суво памучно крпче.
Гризање и џвакање. Самиот притисок кој го прават забите на непцата ја зголемуваат желбата вашето малечко да сака да стави сѐ во својата уста со цел да се намали болката и притисокот.
Триење на ушите. Болката која настанува при никнувањето на забите може да се пренесе и на ушите, па затоа бебињата можат да ги тегнат и нив. Мора да напоменеме доколку има дополнителни симптоми кои би укажувале воспаление на ушето ве молиме консултирајте се со вашиот педијатар!
Покачена температура. Иако многу од докторите не се согласуваат дека никнувањето на забите може да се проследи со благо покачена температура, многу од родителите имаат различно размислување. Доколку температурата е висока и трае подолго време ве молиме консултирајте се со вашиот педијатар!
Дијареа. Исто како и покачената температура, многу доктори имаат различно размислување за дијареата како симптом за растење на заби. Додека пак други кажуваат дека зголеменото лачење на плунка може да направи растреситост во столицата. Доколку дијареата трае неколку пати последователно во текот на денот ве молиме консултирајте се со вашиот педијатар!
Неколку совети како да им помогнеме на нашите малечки во овој период:
Давајте гумени играчки или цуцла лажливка. Постојат играчки кои се наменети за овој период кој им помага на нашите малечки барем малку да го намалат притисокот кој го чувствуваат на непцата.
Давајте разладено крпче со вода. Ладното може да помогне да се намали болката, но не претерувајте.
Доколку вашето малечко се храни, оброците давајте ги со мека силиконска лажица. Во овој период сензитивноста е доста голема, па затоа одбегнувајте тврди лажици кои можат да допринесат до дополнителна болка кај вашите малечки.
Намачкајте гел кој ја намалува болката. Во аптеките постојат гелови кои се наменети за оваа болка кој може да го ставите на вашиот прст па со лесна масажа да го нанесете на непцата на вашето малечко или пак да ставите мала количина на цуцлата лажливка.
Ве молиме не заборавајте на оралната хигена. Здравите навики се стекнуваат од мали нозе :).
Овој период може да биде доста тежок не само за вашето малечко туку и за вас. Трпението, споделувањето на одговорностите и помошта се клучни во овие моменти.
Сите совети, идеи, информации на овој профил се базирани на лични искуства на родители и на внимателно избрана стручна литература и научни трудови. Сите совети и информации се наменети само за општо информативни цели и не треба да се сметаат како замена за стручен медицински совет или консултации. Администраторите на овој профил не преземаат одговорност за било какви последици или одлуки превземени според информациите на овој профил.



