Облекувањето на бебињата според температурата е важно за нивниот комфорт и здравје. Бебињата не можат да ја регулираат својата телесна температура како ние, па затоа е важно да се облекуваат соодветно според условите. Во зависност од температурата и временските услови, следните совети можат да ви помогнат како да го облечете вашето малечко:
- Топла средина (над 24°C):
- Облечете го бебето со лесни облеки од природни материјали како памук.
- Користете маички или бодиња со кратки ракави.
- Заштитете го од сонцето со шешир или капа.
- Умерена средина (18°C – 24°C):
- Облечете го бебето во слоевита облека, што овозможува полесно да се прилагодите на температурата според потребата.
- Користете памучни бодиња и маички со долги ракави, како и панталони или пак шпикозни по долг ракав.
- Додадете тенка јакна или џемпер ако е потребно.
- Ладна средина (под 18°C):
- Облечете го бебето со топла и слоевита облека. Користете комбинирање на слоеви како на пример боди по кратки, џемпер, пантолони и чорапи.
- Користите дебели облеки како што се боди по долги, чорапи, хулахопки, пантолони, шпикозни.
- Додадете топла јакна или елек.
- Внатрешни услови (под клима):
- Кога се наоѓате во климатизиран простор, пазете вашето бебето да облечено соодветно според температурата внатре.
- Внимавајте да не го облечете бебето во прекумерно топла облека кога се во климатизиран простор, бидејќи може да им биде неудобно.
Особено важно е да го следите бебето и да ги забележувате неговите реакции. Доколку забележите дека е претопло или преладно, прилагодете го облекувањето според неговите потреби. Исто така важен знак дека на вашето бебе му е премногу топло е и ситното нафрлање по телото или потењето. Доколку пак на вашето малечко му е ладен носот голема е веројатноста дека му е ладно.
Сите совети, идеи, информации на овој профил се базирани на лични искуства на родители и на внимателно избрана стручна литература и научни трудови. Сите совети и информации се наменети само за општо информативни цели и не треба да се сметаат како замена за стручен медицински совет или консултации. Администраторите на овој профил не преземаат одговорност за било какви последици или одлуки превземени според информациите на овој профил.



