Што треба да знаете за МРП вакцината?

Сѐ за МРП вакцината во соработка со д-р Кирил Солески.

Д-р Кирил Солески има над 20 години искуство како лекар и специјалист со работа со деца и возрасни. Учествува во развојот на националните здравствени политики и има завршено голем број обуки во ЕУ за современите трендови на вакцините. Последните години активно работи на подобрување на опфатот на вакцини, организира обуки за здравствени работници за подобра комуникација со загрижени родители и го зајакнува капацитетот на вакциналните пунктови.

Што е МРП вакцината?

МРП вакцината ги штити децата од животнозагрозувачки болести во најранливата возраст. МРП вакцината е вакцина против морбили, рубеола и паротитис.

Кога се дава МРП?

Првата доза се дава кај деца на возраст од 12 месеци, додека втората доза се прима на 6 години.

МРП и аутизам

МРП вакцината не предизвикува аутизам. Студијата која во 1998 година го подигна сомнението дека постои одредена поврзаност помеѓу вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки (МРП) и аутизмот, подоцна се покажа дека има сериозни пропусти и дека е лажна и истата се повлече после неколку години.

До денес се направија голем број големи студии кои не покажаа научен доказ за поврзаност помеѓу МРП – вакцината и аутистичните нарушувања.

Со одбивањето за примање вакцина во дадениот термин родителот го презема ризикот нивното дете да се разболи од болест која целосно може да биде превенирана.

Безбедност

Вакцините се безбедни. Поголема е веројатноста дете да заболи и да има последици од болест што може да се спречи со вакцина. Сите вакцини минуваат низ ригорозни безбедносни тестови, вклучително и клинички испитувања, пред да бидат одобрени за употреба. Во нашата земја се регистрираат и дистрибуираат само вакцини кои ги исполнуваат ригорозните стандарди за квалитет и безбедност.

Несакани ефекти

Вообичаените несакани ефекти по имунизацијата се обично благи и привремени.

Околку 6 до 10 дена по вакцинацијата, кога делот од вакцината против сипаници почнува да делува, околу едно од 10 деца може да развие треска. Некои развиваат осип сличен на сипаница и губење на апетитот. Симптомите обично траат два до три дена.

Припрема

Претхотно доволно е да се направи само рутински преглед, дали детето е здраво. Не се потребни дополнителни испитувања.

 

Сподели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn