Што треба да знаете за моторниот развој?

Во соработка со Физио Актив Кид: Моторни пресвртници кај бебињата – Кога и што да очекувате?

Вашето бебе расте со најголема љубов и грижа, а секој ден е нова авантура. Во првата година од животот, тоа минува низ неверојатни промени – од новороденче кое мирно лежи на грб, до љубопитно мало истражувачче кое стои исправено и ги прави првите чекори.

Овие моменти на раст и развој, познати како моторни пресвртници, се чекори кои бебето ги совладува на патот кон својата независност. Но, секое бебе е уникатно – времето и начинот на постигнување на овие вештини може да се разликуваат, што зависи од неговата природа и средината која го опкружува. Добрата вест е дека, со правилна поддршка и стимулација, можете да му помогнете да ги совлада сите предизвици и да се движи со сигурност напред.

Превртување лево-десно

Првите обиди на бебето да се движи започнуваат со превртување.

  •  Кога треба бебето да почне да се се превртува  лево- десно? До 4 и пол месеци, бебето треба да може да се превртува од грб на стомак.
  •  Како да помогнете? Обезбедете му време на меше, играчки кои ќе го мотивираат да се посегнува, и помагајте му нежно со активирање на неговите мускули.
  •  Знаци за загриженост: не ги носи рацете кон уста, кога е на стомак не се потпира на лактите (до 3 месеци), не фаќа играчки во средишна линија на телото (3месеци) или не се посегнува по играчки во радиусот околу телото (4месеци).

Превртувањето не е само физичко достигнување – тоа е чекор кон откривање на светот!

Самостојно седење

Првите обиди за самостојно седење се околу 7 месеци. Во оваа фаза, мускулатурата на трупот и контрола на рамнотежата се доволно развиен за детето да се задржи во седечка положба без потпора.

  • Како да му помогнете на вашето бебе? Поттикнувајте ротација од грб на стомак, често ставајте го бебето на меше за да се потпира на високо исправени лакти со отворени дланки, стимулирајте игри кои вклучуваат странични движења на трупот.
  • Знаци на загриженост: Кога го кревате од грб со раце главата паѓа наназад,  при обид да седне, се крева директно кон напред без потпора на рацете, не може да се задржи на дланки во висока положба на стомак, се врти од грб на стомак само преку една страна, нема интерес за посегнување.

Лазење на сите четири

Кога бебето почнува да лази, тоа значи дека е подготвено да го истражува својот свет уште повеќе.

  • Кога започнува лазењето? Лазењето обично започнува околу 7 месеци.
  • Како да му помогнете на вашето бебе? Оставете го бебето во безбедна средина каде што ќе може слободно да се движи. Користете играчки за да го мотивирате да напредува.
  • Знаци на загриженост: Ползи подолго од еден месец, повлекувајќи се со рацете и буткајќи се со нозете додека трупот е спуштен, ползи само преку една страна, нема претходни фази на ротирање, дланките се постојано затворени во тупаница со палецот внатре.

Лазењето не е само движење – тоа е совршена вежба за координација, сила и самодоверба.

Исправање

Кога бебето почнува да се исправува, тоа ги истражува височините – буквално и фигуративно!

  • Кога се случуваат првите обиди за исправање? Првите обиди за стоење започнуваат околу 8 месец.
  • Како да му помогнете на вашето бебе? Обезбедете стабилни предмети кои бебето може да ги користи за поддршка. Мотивирајте го со омилени играчки поставени на дофат.
  • Знаци за загриженост: Кога стои телото е премногу круто и колената се цврсто исправени, исправување само со повлекување на рацете без учество на нозете.

Стоењето е голем чекор кон самостојноста, а секој успех е причина за славење.

Одење со поддршка

  • Кога започнуваат првите обиди за одење со поддршка? Околку 10 месеци повеќето бебиња почнуваат да одат со поддршка придржувајќи се за мебел, играчки или рацете на своите родители.
  • Како да му помогнете на вашето бебе? Понудете му безбедна средина за да истражува, со стабилни предмети за кои може да се придржува.
  • Знаци на загриженост: Не умее да седне самостојно, да започне да лази и да се исправи за одење, оди само кон една страна, при чекори стои само на прстите.

Самостојно одење – првите чекори

Првите чекори се незаборавен момент за секој родител!

  • Кога се очекуваат првите самостојни чекори? Бебињата обично започнуваат да одат самостојно помеѓу 12 и 14 месеци.
  • Како да помогнете? Поттикнете го бебето да стои подолго, држејќи играчки во рацете, и создавајте му средина која ќе го охрабрува да се движи.
  • Знаци на загриженост: Тежината на телото е насочена кон наназад, не сака да ја прифати тежината на нозете, телото е премногу круто и нема интерес за посегнување по играчки.

Секој чекор, без разлика колку е мал, е голем скок кон светот на големите!

Кога да побарате помош?

Ако забележите дека вашето бебе:

  • Не ги достигнува овие пресвртници навремено.
  • Преферира една страна (рака или нога).
  • Има тешкотии со контрола на главата или телото.
  • Не покажува интерес за движење.

Не двоумете се да се обратите кај Физио Актив Кид. Тие ќе ви помогнат со корисни совети  вежби и поддршка за вашите малечки.

Запомнете, секое бебе има свој ритам. Најважно е да го сакате, охрабрувате и верувате во неговиот потенцијал. Со вашата љубов и поддршка, секој ден станува ново чудо!

 

 

 

 

Сподели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn