Што треба да знаете за говорниот развој?

Сѐ за говорниот развој на вашето дете во соработка со логопедите од кабинетот „Од А до Ш“.

Кога да очекуваме детето дека ќе го каже првиот збор?

Развојот на говорот и говорните вештини започнува уште од самото раѓање.

За да очекуваме детето да зборува тоа најпрво треба да ги помине сите предгодоворни вештини како рана интеракција, слуашње, разбирање, користење гестови како и сите вокални фази како, гугање, вокална игра, канонско гугање, разноврстен баблинг, жаргон и на крај долгоочекуваните зборови со значење.

Првите зборови со значење се очекуваат околу 12-15 месеци и тука се бројат и ономатопеите, извичните зборови, и сите зборовни приближности, се додека се користат со цел, постојано и независно (без имитирање).

Што ако детето не зборува до 18 месеци?

Доколку детето од 18 месеци нема ни еден збор со значење и ретко покажува интерес за комуникација со околината тогаш секако треба родителите да се обратат до стручни лица и да добијат соодветни совети и насоки како да постапуваат понатака.

Кои се првите знаци за доцнење во говорниот развој?

Доколку детето не ве разбира и не извршува едноставни налози, доколку не реагира на околината, не реагира на своето име.

Доколку има веќе над 24 месеци, а нема зборови со значење, или пак веќе наближува 3 години, а не поврзува кратки фрази.

Доколку има над 3 години, а говорот е неразбирлив во повеќето време за околината и детето почнува да се фрустрира.

Ова се црвени знаменца дека детето се соочува со потешкотија на ова поле и е потребна помош и насоки од стручни лица.

Кога е време да побараме помош од логопед?

Вистинско време за логопед нема!

Највистинското време е тогаш кога родителите ќе имаат потреба од совет, насока, кога ќе се почувствуваат загрижени или едноставно ќе имаат потреба да си разјаснат некои сомнежи што ги мачат.

Секогаш е подобро навремено да се побара совет и поддршка, затоа што колку порано се започне со примена или промена која му е потребна во тој момент на детето, толку повеќе се намалува ризикот за доцнењето во говорот да се зголеми.

Бенефитите од раната интервенција се незаменливи, а родителите се тие што најмногу и најдобро можат да ја применат, секако со водење од стручни лица.

Како логопедот може да го поддржи говорниот развој?

Логопедот е стручно лице кое може да дијагностицира отстапки во раниот говорен развој, да советува и дава насоки на родителите според потребите на детето и да спроведува директни третмани со цел надминување на говорните потешкотии.

Логопедските третмани ја поставуваат основата за надминување на говорните предизвици, но за целосен успех, неопходна е соработка со родителите.

Триаголникот дете – логопед – родители мора совршено да соработува за да може да имаме успех.

Сподели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn