Штрк

Нега на папок кај новороденчиња

Кога се раѓа вашето бебе, папочната врвца се сече и останува едно делче кое се фаќа со штипка. На тоа делче му се потребни една до две недели да се исуши и да падне. Хигената на папочето во овој период е многу значајна и треба да се следат неколку совети кои најчесто ви ги кажуваат вашите педијатри или патронажните сестри. 

 

Првите бањања на вашето бебе додека папочната врвца сеуште не е падната навидум изгледаат како одмивање. Папочето не треба да се намокри и да се внимава тоа да остане суво. По бањањето важен момент е да се провери дали околу папочето се е суво.

Кога ја поставувате пелената предниот раб од истата можете да го превиткате така што ја оставате папочната врвца на отворено се со цел тоа побрзо да се исуши и да падне.

Доколку ја направите папочната врвца со измет при менување на пелената, нежно и полека со вода и PH неутрално сапунче ја чистите истата. Потоа со стерилна газа тапкате за да биде повторно сува.

По паѓањето на папочната врвца има посебна рутина која треба да се пази, која за некои родители може да биде доста неудобна. Генерално повторувањата се прават два пати на ден односно сабајле и навечер. Се отвара папочето се капнува малку алкохол или 3% хидроген се со цел да се исчистат сите нечистотии кои се наоѓаат на папочето. Потоа нежно со стапче за ушиња се чисти истото и на крај со стерилна газа се тапка околу за да бидеме сигурни дека се е чисто и суво. Колку денови ќе продолжите да ја правите оваа рутинска хигена е индивидуална кај секое бебе и е во консултација со вашиот педијатар. 

Доколку приметите било каков исцедок од папочето кај вашето бебе или пак се појави некако израсток кој најчесто може да бидат папочни кила (претставуваат доста честа појава која не опасна ниту болна и најчесто се затвора самата), ве молиме консултирајте се со вашиот педијатар. 

Сите совети, идеи, информации на овој профил се базирани на лични искуства на родители и на внимателно избрана стручна литература и научни трудови. Сите совети и информации се наменети само за општо информативни цели и не треба да се сметаат како замена за стручен медицински совет или консултации. Администраторите на овој профил не преземаат одговорност за било  какви последици или одлуки превземени според информациите на овој профил. 

 

Сподели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn