Штрк

Избираме козметика

Кога станува збор за козметика, не постои конкретен оговор што би можеле да го дадеме како точен. Изборот на истата зависи од многу работи и никој, ниту педијатар не може тоа да ви го потврди додека вашето малечко не пристигне на овој свет. Постојат многу видови на козметики кои првично можеме да ги разделиме на медицински или огрански? Според типот на кожа, дали е таа нормала, сува, или пак склона кон атопичен дерматит? Затоа и многу родители се советуваат да почекаат кога станува збор за изборот на козметика. Исто како и кај нас возрасните, не секоја кожа е иста и не секоја кожа исто реагира на секоја крема, купка или млеко за тело.

 

Одговорот е во испробувањето. Кога бебето е сеуште малечко (во првите неколку недели) неговата кожа е сува и е склона на лупење бидејќи се привикнуваат на новата средина, затоа многу родители во овој период користат доста мрсни креми како што е јекодерм, а од кога ќе се исчисти нивната кожа почнуваат со одредена колекција од козметика. Изборот кој родителите начесто го прават е Mustela, Weleda, Bioderma, Rilastill, La Roche Posay, Eucerin. Доколку ја погодите козметиката продолжете со истата и сметајте се за едни од ретките родители.

 

Сите совети, идеи, информации на овој профил се базирани на лични искуства на родители и на внимателно избрана стручна литература и научни трудови. Сите совети и информации се наменети само за општо информативни цели и не треба да се сметаат како замена за стручен медицински совет или консултации. Администраторите на овој профил не преземаат одговорност за било  какви последици или одлуки превземени според информациите на овој профил. 

Сподели

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn