Воведувањето цврста храна претставува еден голем (позитивен) предизвик за сите родители. Возбуда и стрес, нови емоции и нови стравови. Воведувањето на цврста храна најчесто започнува помеѓу 4-6 месец на вашето бебе.
Постојат одредени развојни пресвртници кои вашето бебе треба да ги има пројдено при започнувањето со цврста храна, како што се стабилно држење на главата, почнува да седи со помош и едно од најважните заинтересираност кон храната (го прати секое ваше залче). Но, без разлика оваа одлука е секогаш донесена од страна на стручно лице – педијатар кој според одредени критериуми одлучува кога е точното време да се започне.
Постојат различни методи кога станува збор за воведувањето на цврста храна од кои можеме да извадиме два најчесто применувани:
- Традиционален (Kашички -purée ) 4-6 месеци
- BLW (Baby Led Weaning) 6+ месеци
Пред да започнеме да ги објасниме различните методи на воведувањето цврста храна, само сакаме да ви потенцираме дека не постои правилен или погрешен начин на започнување. За секое за има некое против и за секое против има некое за. Следете го вашиот инстинкт и пратете го своето дете. YOU DO YOU, MAMA <3
Традиционалниот метод или кашички претставува воведување на храна која во почетокот има мазна текстура. Постојат различни фази на воведување на традиционалниот начин а тие се:
ПРВА ФАЗА( 4-6+ месеци): Воведување кашички со мазна текстура (изблендирани), со еден вкус кои се лесни за вкусување и голтање.
ВТОРА ФАЗА(6+ месеци): Воведување малку погусти кашички (рачно пасирани), со различни вкусови кои можат да вклучуваат житарки, млечни производи и протеини.
ТРЕТА ФАЗА(9 месеци): Воведување густи кашички со измешани со парчиња храна кои се идеални за вежбање џвакање и голтање.
По оваа фаза следната фаза е давање цели парчиња на вашето бебе.
BLW (Baby Led Weaning) методот претставува понов пристап кон хранење на вашето бебе каде што целосно ги прескокнувате фазите на кашичките. Наместо нив, вие нудите парчиња зготвена храна уште од самиот почеток. Во зависност од возраста зависи и начинот на кој што храната се приготвува, сече и понудува.
Двете методи имаат свои придобивки и недостатоци кои се клучни при одлучувањето на која метода би ја користеле.
Традиционален метод (кашички)
Придобивки:
- Безбедно консумирање.
- Знаете точно колку изело вашето бебе.
- Помалку неред.
- Повеќе поддршка од семејството и блиските.
- Полесно кога го ранат другите негуватели.
Недостатоци:
- Може да се игнорираат знаците кои ги дава бебето.
- Одзема повеќе време за спремање.
- Не може заедно да јадете, бидејќи вие го храните.
Блв (Baby Led Weaning) метод
Придобивки:
- Помалку време за готвење, бебето јаде модифицирани семејни оброци.
- Бебето го поставува темпото, нема прејадување.
- Создава самодоверба и му дозволува да препознае знаци на глас и ситост што во иднина може да доведе до подобро метаболитичко здравје.
- Запознава текстури и гради позитивна врска со храната.
- Родителите јадат заедно со детето.
- Истражувањето на сите сетила придонесува кон сензорниот развој, кординацијата рака-око и џвакање.
- Поголемо уживање, без притисок да се изеде одредена количина на храна.
Недостатоци:
- Страв од задавување (gagging) или гушење.
*Gagging е нормален рефлекс и е очекуван дел од почнувањето со храна.
- Немате контрола колку изело бебето.
- Лом насекаде.
- Се фрла голема количина на храна.
- Подолго време јадење.
- Немате доволно поддршка од семејството и блиските.
Мораме да споменеме дека ништо не ве прави лош родител доколку почнете со една па се префрлите на друга или додека давате кашички пробате со парчиња или додека давате парчиња некогаш дадете и кашичка.
Сите совети, идеи, информации на овој профил се базирани на лични искуства на родители и на внимателно избрана стручна литература и научни трудови. Сите совети и информации се наменети само за општо информативни цели и не треба да се сметаат како замена за стручен медицински совет или консултации. Администраторите на овој профил не преземаат одговорност за било какви последици или одлуки превземени според информациите на овој профил.



